SUNSMART SOLAR
Компанијата “СунСмарт Соларни Системи д.о.о и припаѓа на секторот на компании кои работат на полето на зелените”еколошки чисти” енергии при што главниот фокус е ставен на генерирање на електрична енергија од сончевата светлина.
Компанијата нуди иновативни решенија на фотоволтаичните системи – “SUNSMART SOLAR SYSTEMS” наменети на крајни корисници – поединци, семејства и компании по пристапни цени и брза исплатливост со моќност од 1kW до 100MW.
ЕНЕРГИЈА ЗА СИТЕ
На пазарот компанијата зафаќа се уште огромен неискористен пoтенцијал а тоа е секторот на крајните потрошувачи кој досега е неискористен поради високите цени на понудените соларни системи и исплатливост со долг временски рок.
Атрактивноста на овој производ и неговиот потенцијал е дотолку поголема поради фактот што инсталацијата на “SunSmart” соларните системи е без големи почетни инвестиции и вложувања.
СОЛАРЕН ИНВЕНТOР
Со повеќегодишно искуство во енергетскиот сектор, користејќи ги своите внатрешни комплексни дизајни, компанијата “СунСмарт Соларни Системи” се определи своите идни чекори на развој и делување да бидат на полето на алтернативните “чисти” енергии.
Од таа анализа произлезе развојот на нов
уникатен производ на пазарот “SunSmart Solar System”. За таа цел превземавме низа чекори во делот на анализа на пазарот и производите од оваа област.
ЗОШТО ДОБИЕНЕТА ЕНЕРГИЈА ОД СОНЦЕТО НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОСТАПНА ЗА КРАЈНИТЕ КОРИСНИЦИ ПО ПРИСТАПНИ ЦЕНИ И БРЗО ДА СЕ ИСПЛАТУВА?
За да одговориме на ова прашање мораме да земеме во предвид неколку фактори, односно причинители.
Анализирајќи го пазарот за производство на електрична енергија генерирана од сончевата енергија и начините на нејзиното користењето од страна на крајните корисници, дојдовме до заклучок дека на пазарот постојат два основни типа на фотоволтаични системи:
"OFF-GRID" СОЛАРНИ СИСТЕМИ
НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО ЕЛЕКТРО ДИСТРИБУТИВНАТА МРЕЖА И СЕ НЕЗАВИСНИ. СЕ КАРАКТЕРИЗИРААТ СО ВИСОКИ ЦЕНИ A КОГА БИ СЕ АНАЛИЗИРАЛ ОДНОСОТ – ВРЕДНОСТ НА ИНВЕСТИЦИЈАТА И РОКОТ НА ИСПЛАТЛИВОСТ КОЈ ИЗНЕСУВА ОД 12 ДО 15 ГОДИНИ.
"ON-GRID" СОЛАРНИ СИСТЕМИ
СЕ ПОВРЗАНИ ПАРАЛЕЛНО НА ЕЛЕКТРОДИСТРИБУТИВНАТА МРЕЖА. ГЕНЕРИРААТ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ВО МРЕЖАТА. ТИЕ СЕ СОСТОЈАТ ОД ДВА ДЕЛА: СОЛАРЕН ИНВЕРТОР И СОЛАРНИ ПАНЕЛИ (ПОНЕКОГАШ ИЗВЕДБАТА МОЖЕ ДА БИДЕ И СО БАТЕРИИ).
Фактори кои придонесуваат за висока цени се следни:
- Соларниот инвертор мора да биде минимум 2 пати со поголема моќност од номиналната вредност на користење заради долгортрајноста на експлатацијата и совладување на пиковите при стартување на уредите.
- Задолжителна батериска банка (батерии).
- Независна електро инсталација од електродистрибутивната мрежа.
“ON-grid” соларните системи се условени со обезбедување на дозволи-лиценци за испорака на електрична енергија во мрежата и изнесуваа околу 3000 евра. (Тоа значи дека на почетната инвестиција треба да се надодаде цената на лиценцата за производство).
Повеќе независни студии покажуваат дека минимална инвестиција на крајниот корисник е окулу 10.000 евра.За 6KW соларен систем за да временска исплатливост биде од 6 до 8 години.
За повеќето граѓани во земјите со низок стандард ова е невозможна и неисплатлива инвестиција. Дел од земјите (во кои спаѓа и Република Македонија) се уште немаат законски регулативи во врска со користењето на NET metering (НЕТ-метеринг) системот (Систем кој овозможува испорака на енергија во мрежата и нејзина продажба на слободниот пазар). Овој вид на генерирање на енергија од сончевата светлина, односно нејзината наплата е потполно недостапен на граѓаните како и на микро и малите фирми.
Како единствена можност за користење на овој вид енергија за резиденти и помали компании останува само опцијата “OFF-grid” фотоволтаичен систем со време на исплатливост од 12 до 15 години што представува многу понеповолна опција.
ЗАКЛУЧОК
Користењето на енергијата добиена од сонцето е достапна на крајните корисници (резиденти) во земјите со развиен НЕТ-метеринг систем со “ON-grid” фотоволтаичните системи со почетна инвестиција од минимум 10.000 eвра за временска исплатливост од 6 до 8 години, а за останатите земји со нерешени законски регулативи и услови за користење на НЕТ-метеринг систем (во кои спаѓа и Р.Македонија) останува опцијата за инсталација на “OFF-grid” фото-волтаични
соларни системи koja e уште полоша опција со време на исплатливост 12 до15 години.
РЕШЕНИЕ
Решение за горенаведените дилеми за користење на енергија
добиена од сонцето е:
Обезбедување на фотоволтаичен интегриран систем со ниска цена
што овозможува мала почетна инвестиција која ќе може да си ја дозволи скоро секој апликант.
Ова решение треба да задоволува едноставност при инсталација како и кратко време на враќање на инвестицијата.
Таков производ е нашиот “SunSmart Solar System”.
Производ од висока технологија кој не дистрибуира енергија кон електричната мрежа туку само кон краjните потрошувачи. Со тоа се избегнуваат трошоците за елаборат и дозвола за повластен производител на електрична енергија без разлика дали се работи за земја со развиен НЕТ-метеринг систем или земја која е далеку од имплементација на овој систем.