SunSmart innovation Factory
За ново-развиениот, патентиран производ!
SunSmart Соларен Инвертор (On-Greed Inverter) се инсталира трофазно, веднаш после струјното броило при што иновативниот дизајн овозможува две основни контроли:
– Kонтрола за испорака на електрична енергија само кон потрошувачот a не и кон дистрибутивната мрежа.
– Контрола за избор на логично најповолна фаза на потрошувачот како би се постигнала максималната ефикасност на системот.
Контролата мери три параметра, најоптеретена фаза, максимална моќност која може да ја испорача инверторот и максимална моќност која може да биде генерирана од соларните панели.
SunSmart Соларниот Инвертор овозможува инвертираната енергијата од соларните панели да биде испорачана само до крајните потрошувачи без влијание на електро дистрибутивната мрежа.
Глобални придобивки од инсталацијата на"Sun Smart"
- Значително се подобрува енергетската стабилност и сигурност на електро-дистрибутивна електрична мрежа со користење на алтернативните извори на електрична енергија.
- Се избегнува преопторувањето на електродистрибутивна мрежа, бидејќи се испорачива енергијата директно кај крајниот корисник.
- Се намалуваат трошиците за зголемување на капацитетот на електродистрибутивна мрежа и нејзиното одржување.
- Производот има значителни предности во однос на досегашниот начин на користење на сончева енергија во РМ при што не се бара изведба на посебни приклучоци, дозволи и проекти за изведба.
- Промена на енергетската слика во РМ во однос на користење на алтернативни извори на енергија енергија со финансирање од страна на крајните корисници.
- Инсталацијата на уредите е кај крајниот корисник, во согласност со сите важечки законски легислативи во Р. Македонија при што не се потребни допoлнителни трошоци за вадење на дозволи за производство на електрична енергија.
- Производ e применлив веднаш и сега.
Придобивки на крајниот корисник со инсталација на
"SunSmart" Соларен Систем
"SunSmart" Соларен Систем
Карактеристики кои овој систем го прават уникатен и единствен на пазарот:
Цена на чинење која може да си ја дозволи скоро секое семејство!
Враќање на инвестицијата 4 до 5 години!
- Компактен дизајн и едноставна инсталација.
- Најевтин и најисплатлив соларен систем на пазарот.
- Модуларност на уредот која лесно може да се надогради.
- Се избегнува долготрајната и скапа процедура за добивање лиценца за повластен производител на електрична енергија при што соларниот системот го прави евтин и веднаш применлив.
Најефикасен соларен систем кој може да се најде на пазарот овозможен од иновативниот дизајн на тростепена компаративна контрола на најоптеретена фаза, и максимална моќност која може да ја испорача инверторот.
Иако е сериски врзан, не влиае на основната дистрибутиван мрежа на напојување што е овозможено со употреба на иновативна контрола за испорака на енергија само кон потрошувачите.
SunSmart Соларен Инвентор
SunSmart Соларен Инвертор е нов иновативен производ кој овозможува ефикасна инверзија на соларната енергијата во електрична и испорака до крајните потрошувачи. Специјално е дизајниран за пазари со неразвиен “NET” метеринг систем на мерење, односно за земји со електрични броила кои мерат апсолутни вредности. Иновативниот дизајн на соларниот инвертор овозможува избор на најповолна фаза и испорака на енергија само кон потрошувачите но не и кон дистрибутивната мрежа. Уредот е модуларен со компактен дизајн. Тој е нејефтин и најисплAтлив соларен систем кој може да се најде на пазарот.
Примена
Инсталација
Технологија
Соларниот инвертор SunSmart e уред кој генерира дополнителна електрична енергија кон крајните потрошувачи, но не и кон дистрибутивната мрежа користејќи алтернативни извори на енергија (сонце, ветер).
Уредот работи паралелно со елекричната мрежа, намалувајќи ја вкупната потрошувачка во вашите станови, куќи, викендички, канцеларии, дуќани, деловни и стамбени објекти, производствени процеси.
Трофазна / Монофазна сериска инсталацијa, веднаш после стујното броило.
Уредот се инсталира пред главната разводна табла при што максималната моќност по фаза која поминува низ инверторот е 100А по фаза (22kW).
Иновативен дизајн на тростепена компаративна контрола (со што се постигнува максимална ефикасност на системот):
– Избирање на најоптеретена фаза за испорака на енергија.
– Избирање на најповолна фаза во однос на моќноста на инверторт.
– Избирање на најповолна фаза во однос на моќноста која моментално можат да ја испорачаат сончевите панели.
Модуларност
Исплатливост
Двостепена модуларност по фаза и по оптеретување до 22kW
Исплатливост на соларниот систем е 4 до 5 години.
- Контрола за испорака на енергија само кон потрошувач, а не и кон дистрибутивната мрежа.
- Контрола за избор на најоптеретена фаза за испорака на енергија.
- Контрола за избор на најповолна фаза во однос на моќноста на инверторoт.
- Контрола за закључување “ Lock phase” за испорака на енергија со максимална ефикасност.
- Контрола за искључувања доколку не постои генерирана моќност од сончевите панели.
- Модуларност по фаза.
- Модуларност за оптеретувања до 22KW