ЗЕЛЕНA РЕЦИКЛИРАЧКA – БАТЕРИJA ЗА КОМПЈУТЕРСКИ СИСТЕМИ "ТИП - 9000”
Производот “ЗЕЛЕНA РЕЦИКЛИРАЧКA – БАТЕРИJA ЗА КОМПЈУТЕРСКИ СИСТЕМИ ТИП – 9000”е иновативен производ за скаладирање на енeргија согласно еколошките стандарди за рециклирање после експлатацијата со што се зачувува животната средината од загадување од опасен отпад. Употребата на компјутерите односно ИТ технологијата е поврзана со енергетска банка која ги зачувува податоците и овозможува непрекината работа на компјутерот при кратко или подолготрајно снемување на струјата. Токму овој дел од компјутерската конфигурација е еколошки најнеприфатлив бидејќи моменталните технологии кои се користат за батериите во компјутерите се изработени во “Seal Leed Acid”, “VRLA” или “Lithium-Ion” технологија која бара посебен третман за отпадни материјали. Последна употребувана технологија актуелна во изминатите 3 години претежно кај Лаптопите и мобилните телефони е “Lithium-Ion” технологија која и покрај многуте предности е само 50% е рециклирачка.
Производот благодарејќи на технологијата “Супер кондензатор – Supercapacitor” нуди моментално најприфатливо еколошко решение за батериска банка за комјутерите и спаѓа во групата на таканаречени “Environment friendly battery banks” со процент на рециклирање до 99%. Проектот е првично развиен за потребите за компјутерските енергетски банки, со потенцијал да се адаптира за автомобилската, соларната индустрија и др..
ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ ЗА ЕЛЕКТРОНСКАТА КОМПОНЕНТА “Supercapacitor SR2R7206Z-L”
Производ: Супер кондензатор
Тип: SR2R7206Z-L
Напон: 2,7V
Капацитет: 20F
ESR: 40mΩ
Големина: 16*26,3mm
Тежина: 8,1±0,5g
Монтирање на PCB плочка: Низ дупка
Сертификат: RoHS/CE/ISO9000; RoHS Directive 2011/65/EU & (EU)2015/863 Annex Ⅱ ; IATF16949:2016; ISO900:2015;
Животен век: 200.000 циклуси
Максимална складирана енергија (Wh): 0,0218
ОСНOВНИ ПРЕДНОСТИ НА ЕЛЕКТРОНСКАТА КОМПОНЕНТА SR2R7206Z-L СЕ:
- Висок капацитет, низок внатрешен отпор и одлична конзистентност.
- Широк работен температуран опсег, добри перформанси при полнење и празнењe.
- Долг животен век, повеќе од 200.000 циклуси
- Зелена врска, калај без олово, усогласен со ROHS.