Микро-Енергетски Банки за Фотовилтаични системи “SunSmart Energy Storage Systems”

Анализирајки ги енергетските криви продуцирани од фото-волтаичните панели како и решенијата за прифаќање и зарамнување, дампирање (анг. smoothing) на овие флуктуации и рапидни промени кои во моментот се јавуваат кај фото-волтаичните панели, согледавме дека постои простор за зголемување на ефикасноста на соларните системи со елиминирање на овие негативни појави. Во светот се актуелни разни начини на решавање на овој проблем од употреба на таканаречени локални DC-DC конвертори, lithium-ion енергетски банки и други видови на софистицирани решенија. Сите тие различни решенија на еден ист проблем имаат една заедничка негативна компонента а тоа е високата цената на чинење.

Производот “Микро-Енергетски Банки за Фотовилтаични систем – SunSmart Energy Storage Systems е ново иновативно решение за подобрување на ефикасноста на соларните системи со акумулирање и сторнирање на енергијата од соларната панела со што се намалуваат флуктуациите и рапидни промени на DC напонот. Откога ќе се стабилизира DC напонот се проследува до соларниот инвертор при што се допринесува во зголемување на ефикасноста на соларниот инвертор, при што неговата ефикасност се зголемува, односно не е променлива во однос на флуктациите на DC напонот од соларните панели. Со нашето иновативно решение преку производот “SunSmart Energy Storage Sytem” ние го решаваме овој проблем на непредвидливост на работа на инверторот а со тоа и допринесуваме во зголемување на ефикасноста на соларниот систем со минимално зголемување на цената.

ИНСТАЛАЦИЈА И ИСПЛАТЛИВОСТ

Производот се инсталира позади фото-волтаичната панела со стандардизирани приклучоци за фото-волтаични панели (plug and play) и е со ниска цена и брзата исплатливост, чинители неопходни за масовна употреба и инсталација кај соларните системи на крајните потрошувачи. Станува збор за уникатен иновативен производ во делот на зголемувањето на ефикасноста на сoларните панели при генерирање на електричната енергија од сонцето пријавен под реден бр. МК/Р2018/000977 (од 22.11.2018) во Државниот завод за индустриска сопственост на РМ.

mk_MKMacedonian