Компанијата “СунСмарт Соларни Системи доо” и припаѓа на секторот на компании кои работат на полето на зелените “ еколошки чисти ” енергии при што главниот фокус е ставен на генерирање на електричната енергија од сонцето.
Компанијата нуди нови иновативни peшениа на соларните системи – SunSmart Solar Systems наменети на крајни корисници – пoединци, семејства и компании по пристапни цени и брза исплатливост.

Со повеќегодишно искуството во енергетскиот сектор, користејќи ги своите внатрешни ресурси за иновативност за конструкција на електронски комплексни дизајни, компнијата “СунСмарт Соларни Системи” се определи своите идни чекори на развој и делување да бидат на полето на алтернативните „чисти“ енергии.

За таа цел превземавме низа чекори во делот на анализа на пазарот и производите од оваа област. Од таа анализа произлезе развојот на нов уникатен производ на пазарот “SunSmart Solar System”.

Производот “SunSmart Solar System” e настанат од идеја за дизајнирање на систем за добивање на енергија од фото-волтаици кој по својата пристапна цена и едноставност ќе биде достапен на секој поединец, семејство или компанија. Производот е наменет за широка потрошувачка пред се за земјите со низок стандард односно мала платежна моќ на граѓаните, на кои за жал, сe уште им се недостапни обновливите извори на енергија а со тоа и можност за намалување нa тековните трошоци.

mk_MKMacedonian